Достапни линкови

Никола Груевски нов потпретседател на партијата


Најголемата опозициска партија во ВМРО-ДПМНЕ од денеска со уште еден потпретседател, така реши централниот Комитет на Партијата.

„Тоа е господинот Никола Груевски и тоа беше избран едногласно на тајно гласање. Исто така за нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ едногласно се избрани госпоѓата Ганка Самуиловска Цветанова, господионот Љупќо Балковски, господинот Марјан Додовски и господионот Ден Дончев,“

изјави портпаролот Влатко Ѓорчев. На состанокот на Централниот Комитет било заклучено дека линчот потив ВМРО ДПМНЕ подолжува и дека Македонија станала опасно место за живеење.

„ВМРО-ДПМНЕ со жалење исто така може да констатира и тоа е потвдено од централниот комитет, дека Македонија нема суверенитет врз целокупната своја територија и дека во Македонија сега е небезбедно да се живее. Значи, имаме број на убиства во Македонија којшто е поголем од било кога до сега и речиси дневно имаме по едно убиство. Дека во Македонија се продолжува со политичкиот линч на ВМРО-ДПМНЕ, а сега значи не само што имаме разрешување незаконско на раководителите од ВМРО-ДПМНЕ, туку и низ повеќе министерства во Македонија имаме и заплашување, прогон и шиканирање на обични членови на ВМРО-ДПМНЕ.“

ВМРО ДПМНЕ е компактна и не станува збор за некаков раздор меѓу членството, вели Ѓорчев

„Ние можеме да констатираме дека ВМРО-ДПМНЕ е цврста и хомогена политичка партија, не се распаѓа ВМРО-ДПМНЕ, туку со жалење можеме да констатираме дека се распаѓа Македонија.“

Тој информираше дека само за три месец од како на власт ее СДСМ и ДУИ државните девизни резерви биле намалени за 100 милиони американски долари.
XS
SM
MD
LG