Достапни линкови

Кејп Канаверал: Катастрофа на шатлот „Колумбија“


Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека денеска над Тексас се забележани делови од шатлот „Колумбија“, откако беше загубен контактот со седумчлениот екипаж околу 14 часот по средноевроспко време. Настанот се случи 16 минути пред предвиденото слетување на шатлот во вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида. Во екипажот на шатлот за прв пат имаше и израелски астронаут. Во соопштението издадено од НАСА се наведува дека експерти и спасувачки екипи се испратени во Далас- Форт Ворт. Официјални лица веднаш испратија предупредување на опасноста од тоскичното гориво во областа, а претседателот Џорџ Буш го прекина престојот во Кемп Дејвид и се врати во Белата Куќа.
XS
SM
MD
LG