Достапни линкови

Ирак повторно на тапет


Во среда ќе биде одржана Седница на Советот за Безбедност на ОН на која се очекуваат американските докази дека Ирак поседува нелегални програми за оружје кои ги крие од инспекторите на Светската Организација. Во Вашингтон средба Буш – Блер.

Претседателите на Соединетите држави и Велика Британија на синоќешната средба по Вашингтон изјавија дека Ирачкиот претседател Садам Хусеин има само неколку недели да се разоружа. Идната недела в среда по барање на американскиот претседател Буш ќе биде одржана седница на Советот за Безбедност на обединетите Нации. Буш рече дека донесување уште една втора резолуција за Ирак е добредојдена доколку преставува сигнал дека постоји намера за разоружување на Садамовиот режим.

„Садам Хусеин мора да разбере дека доколку не се разоружа , во името на мирот, ние сами и со другите ќе го сториме тоа.“

Американскиот претседател изјави дека и веќе донесенаат резолуција 1441 на Обединетите Нации дозволува воена акција против Ирак. На седницата на Советот за безбедност во среда, рече Џорџ Буш, државниот секретар Колин Пауел ќе изнесе докази дека Садам Хусеин го лаже светот и дека е закана за светскиот мир. Британскиот премиер Тони Блер пак истакна дека е важно што меѓународната заедница е повторно заедно. Според Блер Ирак и меѓународниот тероризам се поврзани.

„Доколку не се справиме со двете закани, тие ќе се појават во смртоносна форма.“

Сирија во меѓувреме побара на Ирак да му биде дозволено да му се обрати на Советот на Безбедност на Обединетите Нации на седницата идната недела.
XS
SM
MD
LG