Достапни линкови

Македонија претпазлива


Македонија претпазлива околу одлуката да се подржат или не САД во евентуалниот воена акција врз Ирак . Владата и Кабинетот на претседателот Борис Трајковски со став подржуваме секаква одлука која ќе биде донесена од Советот за Безбедност на Обединетите Нации.

„Македонија гласаше за резолуцијата 1441, а со тоа и ги поддржа ставовите кои се вклучени во таа резолуција. Македонија и понатаму смета дека таа резолуција треба доследно да се примени и решението да се изнајде во рамките на Обединетите нации“

„Македонија ја поддржува резолуцијата што ја донесоа Обединетите нации, така што поддржува и секаква легитимна акција“


изјавија портпаролите Борјан Јовановски и Сашо Чолаковски.

Претпазливост препорачва и екс амбасадорот на Македонија во Обединетите Нации, Денко Малевски.

„Пред да се изјасниме за целава акција, да сочекаме што ќе донесе седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, којашто треба да се одржи на 5 февруари, кога Колин Пауел треба да излезе со она што го бараат многу земји – поконкретни докази за инволвираноста на режимот на Садам Хусеин во контакти со Ал Каеда“

Професор Малевски смета дека Македонија ќе даде повеќе декларативна отколку суштинска подршка

„Ние не можеме да бидеме некој голем учесник во целавата оваа акција, особено што не сме земја која располага со воени ефективи коишто можат да бидат ставени на располагање на оние што влегуваат во воена конфронтација со Ирак“.

Малевски порачува дека најдобра алтернатива е доколку САД и ОН заеднички настапат во евентуалната воена акција врз Ирак

„Знаете дека во Европа постои една опозиција кон тоа, особено од Германија, Франција и од некои други земји кои не се претерано расположени за некоја воена акција, не затоа што имаат симпатии за режимот на Садам Хусеин. Мислам дека никој разумен во светот нема симпатии спрема еден таков режим, но неизвесноста што после една таква воена интервенција и какви последици ќе носи таа посебно за светскиот мир е нешто што ги загрижува.“
XS
SM
MD
LG