Достапни линкови

Заедничка надврешна и безбедносна политика на ЕУ само на хартија


Заедничката декларација на осумте европски држави со која му се дава подршка на Вашингтон за можна воена интервенција против Ирак, според аналитичарите, е доказ дека единствената надворешна и безбедносна политика на Европската Унија постои само на хартија.

Во декларацијата, зад која затанаа Велика Британија, Италија, Шпанија, Португалија, Данска, Унгарија, Полска и Чешка, се истакнува дека транс-атланските релации меѓу Соединетите Држави и Европа не смеат да бидат доведени во прашање и оти не е потребна нова резолуција на Советот за безбедност за интервенција против Ирак. Германија и Франција, кои не се меѓу потписниците, остануваат на позицијата дека сеуште има простор да се спречи војната. Според Александра Ешбурн, аналитичар од Лонодон, повторно излезе на виделина европското неединство.

„Мислам дека, за жал, се покажа оти Британија и некои други евро-партнери во поглед на надворешната политика, пред се гледаат кон Америка.“

Ешбурн додава дека осумте држави искажале доверба кон Вашингтон во поглед на опасноста од Ирак и обвинувањата дека поседува оружје за масовно уништување. И аналитичарот Хитер Грабе се согласува дека Европа е поделена.

„Клучно е дека Европа ги покажа валканите алишта во јавноста и очигледната поделеност. Интересно е тоа што причината за таквиот развој е загриженоста на Европа од можните последици на ирачката криза врз транс-атланските релации.“

Сепак аналитичарите оценуваат дека не станува збор за прекршување на законите на Европската Унија, бидејки, според Габриел Фон Тогенбург консензус за сите прашања не е неопходен.

„Во оваа политичка област повеќе станува збор за соработка отколку за интеграција, треба да се најде компромис, но тој не е задолжителен.“

Тогенбург додава дека Европската Унија расправаше за ирачкото прашање, но не ги надмина меѓусебните разлики и оваа епизода мора да се гледа како штетна за Европското единство. Грција, како претседавач со Унијата, ја критикуваше декларацијата на осумте држави, оценувајки дека начинот на кој е објавена не придонесува за напорите за градење заеднички став во врска со Ирак.
XS
SM
MD
LG