Достапни линкови

Покренати прекршочни пријави против припадници на „Лавовите“


Во министерството за внатрешни работи потврдуваат дека се покренати кривични и прекршочни пријави против припадници на специјалната единица „Лавови“

„Единствено 150 припадници на единицата „лавови“ не сториле некаков прекршок, ниту за нив има поднесено каква и да е кривична пријава и нивните работни досијеа се чисти. За сите останати припадници постојат прекршочни и кривични пријави за коишто во тек се постапки“.

изјави Мирјана Контевска портпарол на МВР

Од друга страна во оваа единица оценуваат

„За нас тоа е само една шпекулација од доменот на загревање на работи и предизвикување инциденти. Значи, некој сака да предизвика инцидент“.

изјави Драган Кимовски кој објаснува дека до владата се доставени 670 барања од припадниците на единицата да бидат примени во редовите на безбедносните сили во министерството за внатрешни работи

„Толкав е голем одѕивот за останување, што луѓето сигурно ценеле дека имаат реални шанси. Затоа што поведување на прекршочна или кривична постапка против некој не значи и негово осудување. И против Хари Костов се поднесени 3-4 пријави, но тоа не значи дека е криминалец“.

Кимовски изразува незадоволство и од начинот на работата на комисиите кои треба да ја решат работата со трансформација на оваа единица

„Комисијата работи еднострано. Никој од едницата за брзи интервенции „лавови“ не е вклучен. Прво, не беше една, туку две комисии и тоа по нивна желба“.

Во МВР со одговор

„Тоа не се две момисии. Тоа е една комисија, која фактички работи на две нивоа. Едната е оперативна, во која што членуваат и припадници на единицата, а другата е на едно друго ниво, којашто ги консултира и проверува сите документи и нивното распределување“.

вели Контевска.
XS
SM
MD
LG