Достапни линкови

logo-print

Работите запнаа кај пропорционалната застапеност


Барањето основи за подготовка на програмата за правична и соодветна застапеност на заедниците во јавната администрација да се дополни со информација од Агенцијата за државни службении и Заводот за вработување беше причина за одложување на точките од Акциониот План на последната владина седница, така гласеше објаснувањето на портпаролот Сашо Чолаковски.

Од друга страна вице премиерот Муса Џафери говори за пропорионална и еднаква застапеност на заедниците и покрај тоа што во Охридскиот Рамковен Договор е предвидена, праведна и соодветна застапеност на заедниците во јавната администрација. Тоа подразбира стручност и компетентост а не само пропорционална застапеност на кадрите кои што ќе бидат вработувани а кој се припадници на заедниците кои живеат во Македонија.

На прашањето кои се причините за не усвојувањето на акциониот план тој вели:

„Во еден од Столбовите на Акциониот План кој се однесува на пропорционалната или еднаква застапеност во државната администрација недостасуваат многу податоци, а тука се работи за проект кој не е мал, кој бара време и многу видови информации кои потоа треба да се потврдат за на крај да ја утврдиме динамиката на реализирање на оваа точка,“

вели Муса Џафери.

Иако Џафери отвара ново прашање во врска со Рамковниот Договор експертите категорични

„Свесни дека немаат влијание врз својот електорат се нафаќаат со прашања што воопшто не се предмет на политичка дебата,“

изјави професорот на правниот факултет Ѓорѓи Иванов.
XS
SM
MD
LG