Достапни линкови

Балканците најнепопуларни


Според најновото истражување во Западна Европа европејците имаат многу различни мислења за тоа на кои земји од Централна и од Источна Европа треба да им се дозволи да и се приклучат на Европската Унија. Унгарија е најдобро-дојдена, а Балканските земји се најнепопуларни.

Според истражувањата направени во западно европските држави, Унгарија, Чешка и Полска уживаат голема подршка за нивното идно членство во Европската Унија. За трите Балтички држави се изјаснија едвај 50 насто од испитаниците. Романците добија 44 проценти додека за Турците како за идни членови на Унијата гласаа 39 проценти. Балканските држави Албанија, Македонија, Југославија и Босна се нај – неомилени. Само 10 проценти од западно- европејците сметаат дека ови Балкански држави треба да станат членки на Европската Унија. Што покажуват оваа статистика? Прво дали е тоа недостиг на демократија во Западна Европа односно дали е легитимна одлуката на Европската Комисија за планираното проширување во 2004 со 10 нови членки. Аналитичарот Петер Зервакис вели дека демократскиот дефицит кога станува збор за експанзијата во Европа не е нов.

„Проектот за обединување, за модернизација на европскиот континент, секогаш преставуваше проект на елитата. Повеќе или помалку тој се одвива зад завесите во дипломатската арена.“

Токму затоа, продолжува Зервакис, аргументите дека проширување има за цел да ја прошири безбедноста и добросостојбата се абстракнтни за широката народна имагинација. Источна Европа и натаму за западно европските граѓани е мистерија бидејки тие во многу мал број ја посетуваат.

„Таму отсекогаш постоеше страв од соединување со непознатото.“

И меѓу земјите кандидати постојат сомневања и затоа доклку негде треба да се одржуваат референдуми постои можност од неуспех. Сепак и покрај заедничката сомничавост меѓу Запад и Исток, Марк Хофманс еден од портпаролите на истражувачките тимови гледа раширен оптимизам во Европа за нејзиното соединување посебно кога станува збор за прашањето дали Европската Унија еден ден ќе може економски да се мери со Соединетите држави.

„Сметам дека има место за оптимизам, доколку не сметате на Германците, бидејки тие се песимисти.“

Германците, вели Хофман се можеби песимисти поради моментната економска ситуација. За контраст скандинавците се најоптимистички настроени за иднината на Европа.
XS
SM
MD
LG