Достапни линкови

Охридскиот договор не може да биде предмет на дарежливост


Дорис Пак настапи спротивно на тоа што го потпишала ЕУ во рамки на Охрскиот Договор , е ставот на претседателот на Собранието Никола Поповски по вчерашнат изјава на шефот на делегацијата на Евро Парламентот Дорис Пак дека јазиното пршање во Македонија може да се реши според Белгискиот Модел .

„Рамковниот договор не може да биде предмет на дарежливост или предмет на рестрикција од кого и да е. Таму точно пишува што треба да се направи и Рамковниот договор е договор со кој се утрдуваат права. Толкувањето дека тоа што не е забрането се дозволува е едно апсурдно толкување, според кое и шпанскиот јазик е во употреба во Република Македонија, бидејќи не е ограничен во Рамковниот договор. Би ја повикал госпоѓата Дорис Пак малку попрецизно да се изразува и кога доаѓаат од Европската Унија во Македонија да се поподготвени за тоа што сме го потпишале со самите нив“.

Изјави Никола Поповски. Инаку Дорис пак на вчерашната прес Конференција изјави

„Рековме дека во Охридскиот договор треба да постои простор за одредена дарежливост за користење на јазикот на собраниските седници како и на комисиите во зборувањето и слушањето“

изјави Дорис Пак.
XS
SM
MD
LG