Достапни линкови

Конструкциите околу мојот ангажман оркестрирани од едно место


Написите, шпекулациите, небулозите, разните конструкции околу мојот ангажман и наводно некакви активности на свикување собири на незадоволници, што секојдневно се појавуваат во медиумите, се оркестрирани од едно место, еден центар и во најголемиот дел не се точни, вели директорот на агенцијата за разузнавање Доста Димовска во интервјуто за Радио Слободна Европа. Јас го демантирав она што беше објавено во „Дневник“ дека со Борис Змејковски ќе ја преземам партијата. Змејковски е мое политичко минато, а не иднина, истакна Димовска.

Откако ја дадов оставката, рече Димовска, измина една година и досега никој од партијата не ме повикал, ниту да разговараме за причините за оставката, ниту за состојбите, бидејќи како еден од основачите и луѓето кои 12 години посветија на ВМРО ДПМНЕ, заслужив барем да бидам сослушана за причините за оставката. Но, нагласува поранешниот потпретседател на партијата, бев игнорирана и не е точно дека кој било и кое било партиско тело разговарале за тоа со мене. Јас тоа не можам да го оправдам, но го разбирам, со оглед на состојбите, вели Димовска. Според неа, во изминатиов период за жал се потврдиле нејзините претпоставки околу погрешната политика што ја води партијата. Очекував дека по изборниот пораз партијата Ќе ги претресе чекорите, состојбите и она што е направено, ќе најде сили да се реформира, да ги обнови силите и да ги исправи греШките од претходниот период, или ако смета дека е на вистинскиот пат тоа да го разгледа со членството и со партиските органи, изјави Димовска. Тоа за жал сеуште не се случи, вели таа, така што со оглед на досегашното однесување не очекувам дека има простор за мене и за сличните на мене за некаков поконкретен партиски ангажман.

Доколку ВМРО ДПМНЕ во наредниов период се модернизира, се врати на она што е партиска програма од 1998 година и кадровски се доекипира или освежи, голем дел од членството што сега е настрана може да се активира, но, според Димовска, гледајќи ги настаните, како и нападите и конструкциите што се оркестрираат од тоа место против неа, не може да се очекуваат такви постапки.

Говорејќи за безбедносната ситуација во земјава, првиот човек на агенцијата за разузнавање смета дека постојано се создава една состојба на тензичност. Очигледно некому му треба таква политичка храна, постојано да се говори за некакви офанзиви и големи опасности по безбедноста на државата. Според Димовска, факт е дека има подобрување на севкупната безбедносна состојба, но оти во кризните региони сеуШте има работа за нашите безбедносни структури.
Во врска со соработката меЃу безбедносните служби, Димовска вели дека со министерството за одбрана агенцијата има извонредна соработка, како и со дел од МВР, но за жал со управата за безбедност и контраразузнавање соработката не е доволна, пред се во размената на информациите. Ние сме на функциите што ги вршиме заради безбедноста и стабилноста на нашата држава и за афирмација на националните интереси, а не заради лични симпатии или антипатии, изјави Доста Димовска во интервјуто за Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG