Достапни линкови

Препораки за забрзување на имплементацијата на Охридскиот договор


Делегацијата на европскиот парламент предводена од Дорис пак замина од Македонија со ветување за политички притисок врз парламентите на шесте земји што сеуште не го ратфикувале македонскиот договор за стабилизација и асоцијација со европската Унија, но и со конкретни препораки за забрзување на имплементацијата на уставните промени

„Пред се, ова е еден предуслов за стабилноста во самата земја, иако исто така е предуслов и за понатамошните чекори за членство во Европската Унија. Охрид е основа на еден нов тип на општество во Македонија, но јасно ставивме на знаење дека не е доволно само да се усвојат нови законски пакети, туку законите потоа мора да се применуваат и взаемната доверба мора да биде повратена меѓу луѓето“.

Безбедноста на земјата исто така е клучна, борбата против организираниот криминал и корупцијата што не сме е да биде орудие за политички реваншизам.

„Немаме такви сознанија, но бидејќи некои од колегите го споменаа тоа, сакавме да го изразиме нашето мислење корупцијата не е стара само четири години“.

Рече дорис пак со сугестија до своите колеги во македонскиот парламент и за спорот околу употребата на албанскиот јазик за поголема дарежливост

„Во Охридскиот договор треба да постои простор за одредена дарежливост за користење на јазикот на состаноците на парламентот и комисиите“

рече европарламентарката посочувајќи ја Белгија каде паралелно се употребуваат два јазика како модел за решавање на недоразбирањата.
XS
SM
MD
LG