Достапни линкови

Брисел: Денеска конечната одлука за воената мисија на ЕУ во Македонија


Конечната одлука за воената мисија на Европската Унија во Македонија денеска треба да биде донесена на состанокот на шефовите на дипломатиите во Брисел. Со мисијата чиј мандат ќе биде 6 месеци треба да командува германскиот адмирал Рајнер Феист. Според договорот од минатиот месец, силите на Унијата ке имаат пристап кон планирањето, комуникациите и разузнавачките податоци на НАТО, а доколку биде потребно адмирал Феист ќе може да побара помош од силите на алијансата на Косово и во Босна.
XS
SM
MD
LG