Достапни линкови

САД го задржуваат правото сами да преземат акција против Ирак


Мултилатерализот не може да биде оправдување за недејствувањето. Ќе работиме трпеливо и промислено со нашите пријатели и сојузници, рече Колин Пауел, додавајќи дека Соединетите Држави и натаму го задржуваат сувереното право да преземат воена акција против Ирак сами или со коалиција која тоа го сака.

„Ние ќе дејствуваме и кога другите не се подготвени да ни се придружат. Но, Соединетите Држави секогаш ќе работат со другите. Ние сакаме тесно да работиме со Европа.“

Според Пауел, ирачкиот претседател Садам Хусеин имал јасни врски со терористички групи, вклучувајќи го тука и Осама бин Ладен. Врската меѓу терористите и оружјето за масовно уништување е најголемата опасност на нашето време, рече тој додавајќи:

„По шест неделна инспекција, на меѓународната заедница се уште и требаат одговори на клучните прашања. Каде е доказот дека Ирак ги уништил десетиците илјади литри антракс и ботулиниум за кои знаевме пред да бидат истерани претходните инспектори. Што се случи со скоро 30-те илјади боеви глави кои можат да носат хемиски отрови. Каде се возилата кои не се ништо друго освен лаборатории на тркала за биолошко оружје.“

Пауел иако експлицитно не повика на завршување на инспекторската мисија во Ирак запраша: Колку уште време му е потребно на Ирак, додавајќи: Не станува збор за време, туку за кажувањето вистина. Хусеин се уште одговара со извлекување и со лаги. Тој мора да ја каже вистината сега. Во говорот на Светскиот економски форум американскиот државен секретар се осврна и врз американските мисии во севетот.

„Луѓето во Босна, на Косово, во Македонија знаат дека можат да ни веруваат во извршувањето на нашата работа. Ние не бараме ништо за возврат за помошта да им се обезбеди сигурност на оние што страделе премногу.“

рече Пауел кој во врска со севернокорејската нуклеарна криза при што ја изрази подготвеноста на Вашингтон да преговара со таа земја. Тој исто така наведе оти Соединетите Држави немаат намера да ја нападнат Северна Кореа. Говорејќи за Блискиот Исток Пауел изјави дека до две илјади и петта година е можно создавање Палестинска држава.
XS
SM
MD
LG