Достапни линкови

logo-print

Се враќа довербата во институциите


На македонската полиција често и се забележува дека работи според образец со кој таа ги повредува правата на припадниците на заедниците при извршувањето на своите професионални задачи. Оваа забелешка се забележува и во последниот извештај на Транспарент интернешенал.

„Карактеристика на образецот се што повеќето случаи на тортура се случуваат врз припадници на малцинства“.

Се уште нема промена во овој модел на работата на полицијата, оценува извршниот директор на Информативниот центар на Граѓанско општество во Македонија Суад Месими.

„Како што драмати~но се зголемува бројот на поплаки на граѓаните, исто толку драматично се намалува бројот на санкции преземени против службени лица“.

Портпаролот на МВР Мирјана Контевска објаснува дека се работи на преиспитување на случаите за кои постојат укажувања дека се направени злоупотреби од страна на полицијата. Таа објаснува дека причините поради кои се уште нема разрешница на тие случаи меѓу другото се должат и на тоа што тие настани се случиле во периодот од 2001-та до 2002-та година, кога во Македонија се случуваше воениот конфликт.

„При преиспитување на одредени случаи, полицијата не може дури ни да пронајде такви случаи на теренот. Ниту е евидентиран во полициската евиденција, ниту може да се најде каков и да е материјален доказ дека такво нешто се случило“.

Но, таа упатува и на една карактеристика:

„Граѓаните од албанската популација се обраќаат до меѓународната заедница за заштита на своите права, додека македонската популација се обраќа директно до Министерството за внатрешни работи, анонимно, со претставки, со поплаки“.

Но, подобрување веќе има, смета портпаролот на МВР, според кој битно е кај луѓето во Македонија да биде вратена довербата во домашните институции:

„Во канцеларијата на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје во изминатите неколку години се доставувале голем број на поплаки и барања од граѓани за да се преиспитаат нивните случаи каде што имаме пречекорување на овластувањата и нечовечко однесување од страна на полицијата. Меѓутоа, од ноември наваму, во оваа канцеларија немаат пристигнато такви поплаки, што значи укажува на враќање на довербата во институциите од страна на граѓаните, независно од нивната националност и етничка припадност. Тоа значи дека сите почнуваат да ги користат легалните институции во Република Македонија и да ги бараат своите права и одговори на своите прашања во институциите коишто се надлежни да им ги дадат тие одговори“.
XS
SM
MD
LG