Достапни линкови

Париз: Телефонски разговор Ширак - Путин


Претседателите на Русија и Франција Владимир Путин и Жак Ширак се заложија за политичко решавање на ирачката криза, во рамките на Обединетите Нации. Во телефонскиот разговор двајцата претседатели констатирале дека Париз и Москва се на ,,иста линија,, околу Ирачката криза и искажале подготвеност, проблемот да биде решен по политички пат, соопшти портпаролот на Кремљ, Алексеј Громов. Путин го запознал Ширак и со напорите кои се преземаат за политичко решавање и на ,,нуклеарниот проблем,, на Северна Кореа.
XS
SM
MD
LG