Достапни линкови

Вашингтон: Пауел очекува поддршка од најмалку десет земји


Американскиот државен секретар Колин Пауел, денеска изјави дека доколку Соединетите држави решат да го нападнат Ирак без нова резолуција на Обединетите Нации, очекуваат поддршка од најмалку десетина земји. ,,Има повеќе земји кои веќе се изјаснија дека сакаат да постои резолуција на ОН како основа за напад врз Ирак, но сепак и без тоа тие веќе се изјаснија дека ќе бидат со нас,, изјави Пауел на пат кон Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Централни теми на Форумот во Давос, се ирачката криза, ситуацијата во Северна Кореја и борбата против тероризмот.
XS
SM
MD
LG