Достапни линкови

Граѓанска војна во Македонија може да донесе промена на границите на Балканот


Меѓународната заедница нема да дозволи менување на границите на Балканот. Единственото сценарио кое би ја натерало меѓународната зедница да попушти пред барањата за поделби по етничка линија е евентуална граѓанска војна во Македонија, вели за Радио Слободна Европа универзитетскиот професор од Соединетите држави Чарлс Инграо. Тој сепак смета дека ангажирањето на меѓународната заедница во Македонија успешно влијае за спречување на ваквите сценарија.

Одвреме навреме во јавноста се пласираат идеји за промена на границите на Балканот, за одржување меѓународни конференции. Деновиве оживеаја старите идеји за поделба на Босна и Херцеговина. Српскиот премиер Зоран Џинџиќ предупреди дека ќе бара нова меѓународна конференција за промена на границите на Босна доколку Косово стане независна држава. Потпретседателот на ХДЗ Андрија Хебрант пак со најава дека доколку неговата партија се врати на власт ке инсистира на хрватски ентитет во Босна. Ваквите идеји се пласираа пред извесно време и во однос на Македонија. Ново старите идеји за промена на границите на Балканот по етничка линија повод за разговор со американскиот историчар Чарлс Инграо. Тој смета дека идејата на српскиот премиер за компензација на територии е за исклучително внатрешна употреба. Инграо за Радио Слободна Европа одговара на прашањето што би можело да ја натера Меѓународната Заедница да попушти пред барањата за поделби по етничка линија на Балканот.

„Единственото сценарио кое би можело да води кон таков исход на ситуација, кон меѓународна конференција би било избувнување граѓанска војна во Македонија. Не мислам дека постоји изглед за етнички конфликт било каде во поранешна Југославија, но Македонија продолжува да загрижува. “

смета американскиот историчар Чарлс Инграо. Тој вели дека меѓународната заедница успешно работи за да ја охрабри и да се осигура дека властите во Скопје носат мудри одлуки за надминување на разликите меѓу Македонците и Албанците.

„Доколку работите тргнат наопаку и сепак дојде до граѓанска војна и до распад на Македонија тогаш мислам дека ќе биде одржана меѓународна конференција. Но дотогаш, без вистинска криза не гледам никаква причина големите сили во следниве 4, 5 или 6 години да имаат таков приод за да одржат меѓународна конференција.“

вели Инграо се движи кон создавање големо мулти-етничко општество и тоа луѓето на Балканот треба да го имаат на ум. Портпаролот на Европската Унија Кристина Галах за Радио Слободна Европа изјави дека Унијата нема да дозволи промена на границите на Балканот. Статусот на Косово, рече Галах, не смее да се доведува во врска со статусот на која било суверена и независна држава во регионот.
XS
SM
MD
LG