Достапни линкови

logo-print

Македонците и Албанците од „Зеф Љуш Марку“ ќе учат заедно


Наместо минатогодишната одлуката според која учениците од гимназијата „Зеф Љуш Марку“ требаше да бидат поделени во две различни згради врз основа на националност на која тие и припаѓаат министерството за образование донесе одлука тие да учат заедно во новата зграда што треба да биде изгадена во скопесакта анселба Топанско поле. Дотогаш за да нема поделба според нивната етрничка припаднсот учениците Албанци од осум паралелки кои досега учеа во основното школо „Лирија“ ќе бидат префрлени во средното економско училиште каде што ќе учат со Македонците.

„Пет паралелки ги презема Економското училиште како свои, бидејќи има просторни можности, и три паралелки времено, како позајмени, до јуни месец и тие потоа ќе се иселат. Овие албански паралелки ќе учат заедно со македонските во Економското училиште и тоа е во таа функција – да бидат заедно, а не паралелно“.

Објаснува заменик министерот за образоавние Тале Керамитчиоско. Оваа одлука според унијата на средношколците претставува еден пример за тоа како на соодветен начин треба да почне да се решава проблемот на поделба на учениците според нивната национална припдност што во последните неколку години се актулизира во неколку училишта во Македонија.

„Генералниот став на Унијата на средношколци на Македонија во однос на поделбата на учениците во повеќе училишта е негативе. Негативен е воопшто трендот учениците да учат во повеќе училишта. Еден ученик е со намера да се запише во одредено средно училиште, тој поднел документи таму, конкурирал бидејќи желабата му била да учи во тоа училиште, а не подоцна поради некои непромислени одлуки кои биле наметнати, ученикот да биде распоредуван во повеќе училишта“.

Според Јована Базеркова во конкретниот случај потребно е да се забрза процесот на изгардбата на зградата на гимназијата „Зеф Љуш Марку“ со цел учениците кои се запишале таму да можат да ја продолжат наставата заедно.
XS
SM
MD
LG