Достапни линкови

logo-print

Предупредување до ирачките офицери и војници


Претседателот Џорџ Буш упати уште едно предупредување до Ирак и покрај тоа што американските сојузници Франција и Германија претходно соопштија дека ќе сторат се за да се спречи војната. Тој ги предупреди ирачките генерали да не го употребуваат оружјето за масовно уништување во евентуалната војна што би ја предводеле американските сили.

„Доколку некој ирачки офицер или војник добие наредба од Садам Хусеин или од неговите синови или пак од убијците кои се на високи позиции во нивната влада мојот совет е – не ја почитувајте наредбата, бидејќи доколку го одберете тоа, кога Ирак ќе биде ослободен, вие ќе бидете осудени за воен криминал.“

Буш изјави дека Ирак не се ослободува од оружјето за масовно уништување како што тоа го бараат Обединетите Нации и уште еднаш го обвини ирачкиот режим дека ги залажува инспекторите за оружје. Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изрази незадоволство поради заедничкиот став на Франција и Германија за неподдршка на војната пртов Ирак. Тој изјави дека овие две земји ја претствауваат стара Европа.

„Кога мислите на Европа, мислите на Германија и Франција. Јас не. Мислам дека тие ја претставуваат стара Европа. Ако погледнете на Европа денес ќе видите дека центарот на граватицијата се поместува кон исток. Германија е проблем. Франција исто така. Погледнете ги другите земји во Европа. Тие не се со Франција и Германија, тие се со Соединетите Држави.“

Оваа изјава на Рамсфелд беше китикувана од политичарите во Германија и Франција. Според германскиот парламентарец Фолкер Рие, изјавата не е мудра, додека француската министерка за финансии Роселин Башело оцени дека забелешките на Рамсфелд се длабоко иритирачки. Инаку, генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон дека имало несогласувања меѓу членките на Алијансата, но само околу тајмингот, а не и околу суштината на нивната поддршка на можната војна против Ирак. Тој изрази уверување дека наскоро сојузниците ќе ги усогласат недоразбирањата за барањето на Вашингтон, НАТО да ги простудира опциите на индиректната помош во евентуалната војна. Покрај Германија и Франција, против војната веќе се изјаснија Кина и Русија, како и ирачките соседи Саудиска Арабија, Сирија и Турција.
XS
SM
MD
LG