Достапни линкови

Гостивар: Нападнато седиштето на ДУИ


Седиштето на Демократската Унија за Интеграција во Гостивар, вчера вечер било нападнато, при што е повредено едно лице.
Според официјални извори, испукани се два куршуми од огнено оружје врз седиштето на ДУИ во Гостивар, и повреден е Муамет Амети кој во моментот на нападот се наоѓал во приемната просторија на седиштето. По укажаната лекарска помош Амети е пуштен на домашно лекување, соопшти претседателот на гостиварскиот Основен Суд Бране Секуловски. Увид на местото на настанот извршија истражен судија и заменик јавен обвинител.
XS
SM
MD
LG