Достапни линкови

Амстердам: Тесна победа на христијанско-демократската партија на изборите


На парламентарните избори во Холандија Владеачката Христијанско-демократска партија оствари тесна победа над Лабуристичката Партија. Според првичните резултати Демохристијанската партија, доби 44 од вкупно 150 пратенички места. Само две места помалку, освои поранешната владеачка Лабуристичка партија, а Популистичката на убиениот Пим Фонтејн, доживеа целосен пораз со освоени само осум од 26-те места колку што доби на ланските избори.
XS
SM
MD
LG