Достапни линкови

Барање за средба со претседателот или премиерот


Од кабинетот на претседателот не гледаат причина за средба со преставници на Лавовите бидејќи единицата за брзи интервенции „Лавови“ била формирана со одлука на Владата. Додека пак премиерот Црвенковски бил презафатен.

„Барањето за средба со премиерот е примено. Меѓутоа, неговите обврски некогаш се планираат краткорочно, некогаш долгорочно и мислам дека денеска не може да дојде до средба.“

изјави портпаролот на владата Сашо Чолаковски.
Инаку, тензиите кои се појавија претпладнево кај „Стенковец“ спласнаа. Ситуацијата е смирена, а блокадата на патот кон граничниот премин Блаце и понатаму продолжува

„Ќе мора да го деблокираат патот, инаку ќе следуваат санкции. На средбата со „Лавовите“ беше посочено дека решавање на проблемот по пат на употреба на сила не е решение. На средбата тие не ги искажаа своите барања, ниту пак барања за средба со претседателот или премиерот,“

изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска која посочи дека на средбата со преставниците на полицијата „Лавовите“ не соопштиле дека бараат средба со претседателот на државата и премиерот.

„Нашиот став е дека ќе останеме на патот се додека не бидеме примени од претседателот или премиерот. Ако биде употребена сила, тогаш нормално е да пробаме да се одбраниме.“

Ова го изјави преставникот на независниот синдикат на Лавовите Тони Михајловски.
XS
SM
MD
LG