Достапни линкови

Париз: Средба Ширак - Шердер


Францускиот претседател Жак Ширак и германскиот канцелар Герхард Шредер се сретнаа денеска во Елисејската палата во Париз, на денот на одбележувањето на 40 годишнината од потпишувањето на германско-францускиот договор за пријателство. Двете земји во 1963 година, во Париз го потпишаа договорот за помирување, кој во историјата е познат како Елисејски договор. Во Париз денеска ќе се одржат заеднички седници на владите и на парламентите на двете земји.
XS
SM
MD
LG