Достапни линкови

Доаѓа коњаницата


Доаѓа коњаницата, под овој наслов американскиот весник Вол Стрит Џурнал објавува коментар за преземањето на мисијата на НАТО во Македонија од страна на европските сили за брза реакција. Во него се вели дека на регионот се уште му треба западна воена контрола и оти овој чекор иако е задоцнет, сепак е добредојден.

Европската Унија во март ќе ја преземе првата своја воена мисија досега, со тоа што ќе ги наследи мировните обврски во Македонија од прататкото на воените сојузи НАТО. Звучи импресивно се додека не се сфати дека на Европската Унија повеќе и треба Македонија отколку што на Македонија и треба Унијата, пишува во коментарот на Волс трит Џурнал во кој се поставува прашањето зошто грижи со испраќањето евро сили кога Македонија би можело да стане доволно стабилна земја за тие да бидат повлечени или пак заменети со полициска мисија.
Најдобриот одговор, според весникот, се наоѓа во Брисел. Над една година Европската Унија дебатираше дали на Македонија и требаат или не европските воени можности. Хавиер Солана сака Унијата во Македонија да покаже дека европската одлука за создавањето на силите за брза реакција пред три години не е само фантазија. Главната пречка за тоа беше расчистена во минатиот месец кога Унијата постигна договор со НАТО. Меѓу другите работи, тоа значи дека Европската Унија не сака да биде во Македонија без супревизија од повозрасен. Заменик командант на НАТО, односно германски генерал ќе раководи со евросилите од штабот во Монс-Белгија. Алијансата ќе ја поддржи Унијата со разузнавачки информации и планирачки капацитети што засега и недостигаат на Европа, пишува Вол Стрит Џурнал, оценувајќи дека тоа е промислено за да се спречи удвојувањето меѓу двете институции. Од друга страна, многу поголеми НАТО сили се на Косово, во соседството, во случај нешто да тргне погрешно, па затоа, смета овој весник, никој не би требало да го загуби спокојството од тоа што заминува НАТО, ниту македонците ниту некој друг.
Иако е срамно тоа што Европската Унија ги формира своите сили надвор од НАТО отколку во него како што претходно се очекуваше, што е тука- тука е, се наведува во коментарот во кој натаму се додава: Се додека европските воени амбиции ги рефлектираат потребите на Балканските земји и не ги потхрануваат институционалните амбиции на претставници во Брисел, добро е да се види дека Европа го презема интересот за регионот. Можеби неколку години предоцна, но секако добредојдено, заклучува Вол Стрит Џурнал.
XS
SM
MD
LG