Достапни линкови

Техничкиот дел од преговарачката мисија пристигнува денеска


Техничката мисија од преговарачкиот дел на меѓународниот монетарен фонд денеска ќе пристигне во Македонија, со цел да го подготват теренот за започнување на преговори со македонската влада околу потпишувањето на „стенд-бај“ аранжманот. Официјалниот дел од преговорите се очекува да започнат кон крајот или почетокот на идната недела кога во земјава ќе пристигне шефот на мисијата на ММФ за Македонија Франек Розвадовски.

Некои од параметрите на новиот аранжман веќе беа усогласени на ноемвриската рунда разговори. Имено, двата преговарачки тима се договорија дека стапката на економски раст во 2003 година ќе изнесува 3%, колку што ќе изнесува и стапката на инфлација. Вака утврдените пераметри повторно ќе бидат тема на преиспитување на престојнојните преговори. Двата тима на оваа последна рунда пред потпишувањето на аранмжанот ќе мора да ги прецизираат и основите за буџетската политика која ќе биде основа при изготвувањето и на буџетот за 2003 година.

Со потпишувањето на овој арамжан Македонија конечно ќе ги нормализира односите со оваа меѓународна финансиска институција, по пауза од речиси една година кога престана важењето на пргф и ифф арамжманот. Ставањето на параф на овој арамжман ќе значи и зелено светло до повеќето земји донатори, кредитори, како и други финансиски институции за започнување на процесс на инвестирање во Македонија. На потпишувањето на договорот чекаат околу 300 милиони евра кој на Македонија и беа ветени на донаторската конференција која се одржа во март минатата годна во брисел, а кој небевме во можност да ги повлечеме токму од причина што немавме арамжман со ММФ.

Потпишувањето на стенд бај аранжманот ќе значи и отворање на вратите за влез на 20-те милиони долари од фесал 2 аранжманот, кој е наменет за реформи во секторот на претпријатијата и финансискиот сектор, како и 15 милиони долари од псмак кредитот од светската банка кој се однесува на реформите во јавната администрација.

Со оглед на најавите кој пристигнуваат од ММФ преговарачите, дека овој аранжман Македонија со голема сигурност ќе го потпише во почетокот на првата половина од идниот месец, македонската влада до светста банка веќе упатила писмо во кое се бара парите да се одобрат веднаш по потпишувањето на писмото на намери со ММФ, се со цел да немора да се чека на редовната процедура аранжманот да помине пред бордот на директори на фондот. Со скратувањето на оваа процедура макеоднија парите од светскат банка би ги добила за 2 до 3 месеци побрзо.
XS
SM
MD
LG