Достапни линкови

Мисија на ЕУ во Македонија од март годинава


Македонија формално побара од Европската унија да ја презеде од НАТО мисијата во Македонија. Според денешен Фајнаншенел Тајмс, Унијата својата прва воена мисија ке ја започне најверојатно во март годинава. Официјалното барање е примено од Евро-комесарот за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Хавиер Солана и работите можат да се придвижат напред, изјавуваат евро дипломати во Брисел. Фајненшенел Тајмс пишува дека Соединетите држави, кои ќе продолжат да ги редуцираат своите трупи на Балканот, ја подржуваат Европската Унија во преземањето на поголемата одговорност во регионот, обезбедувајки врски со НАТО. Дипломати, на кои се повикува весникот, сметаат дека последното нешто што сака да го види Вашингтон е самостојна европска безбедносна и одбранбена политика. Тоа , според Фајненшенел Тајмс го објаснува фактот зошто Американците, британците и некои други европски земји инсистираа минатиот месец да биде донесен таканаречениот Берлин плус договор. По две години одбивање Турција конечно се согласи Евро – силите да добијат пристап до капацитетите на НАТО што беше клучно европските сили да можат да станат ефективни. Од друга страна, Франција и некои други европски земји предлагаа европската операција во Македонија да стартува нечекајки Берлинскиот договор да биде склучен на што инсистираа Соединетите држави. Клучното е, пишува Фајнаншенел Тајмс пренесувајки изјава на еден амбасадор на НАТО, што Соединетите држави ќе подржат самостојна европска безбедносна и одбранбена политика доколку е таа, како што се изразил амбасадорот, омажена за алијансата.
XS
SM
MD
LG