Достапни линкови

logo-print

Главна тема правична застапеност на националните заедници во администрацијата


По зеленото светло што го доби нацрт верзијата, планот за имплементација на рамковниот договор денеска на финално усогкасување и усвојување од страна на владиниот кабинет, изјави портпаролот Сашо Чолаковски.

„Денеска владата го разгледува предлог планот за имплементација на рамковниот договор, потоа оперативната програма за децентрализација на власта во 2003/2004 година, како и основите за подготовка на основите на програмата за правичната застапеност на заедниците во јавната администрација и во јавните претпријатија“

Правичната застапеност е обврска на која особено инсистира албанскиот коалиционен партнер и според зборовите на потпретседателот Муса Џафери кој заедно со министерот за локална самоуправа Гештаковски е координатор за имплементирање на рамковиот договор, доколку денеска се усогласат генералните принципи ќе счедуваат и конкретни активности што треба да бидат реализирани. Скицата на основите на планот за сега користи податоци за застапеноста на заедниците во јавната администрација во 2000-тата година, но таа ќе биде ажурирана по добиените податоци од последниот попис на населението. Она на што се инсистира во документот кој денеска се разгледува во владата е ставот дека правичната застапеност не е синоним за пропорционалната застапеност. Понатаму, на ставот дека би било погубно ако слободни места се создаваат со отпуштање на работници, како и на инсистирањето на компетентноста и стручноста на кадрите што ќе се вработуваат.

„бидејќи квалитетот, стручноста и компетентноста е многу поважна за ефикасноста на државната администрација отколку, да речеме, некаква припадност“

рече Чолаковски.

Во генералните принципи исто така се вели дека за остварување на концептот на правична застапеност е потребно време и оти тоа претставува долгорочен процес, поради што во план е да се формира специјално владино тело.

„Со ова програма е предвидено и посебно тело за координација и имплементација, кое ќе работи на утврдувањето на позицијата, составот, дефинирање на обврските и одговорностите на органите кои учествуваат во реализацијата на програмата,“

изјави Чолаковски.
XS
SM
MD
LG