Достапни линкови

Багдад: Средба на Бликс и Ел Барадеи со официјални претставници на Ирак


Шефовите на инспекторските тимови за оружје во Ирак Ханс Бликс и Ел Барадеи денеска одржаа втора рунда разговори со ирачки официјални претставници околу обврските на Багдад да се разоружа. Овие разговори се одржуваат како подготвка на нивниот извештај што идниот понеделник треба да му го достават на Советот за безбедност. Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд вчера повтори дека војната би можела да биде избегната доколку претседателот Садам Хусеин со соработниците и нивните семејства го напуштат Ирак.
XS
SM
MD
LG