Достапни линкови

logo-print

Солун: Од четири до шест тони наркотици се шверцуваат од Турција кон Европа


Од четири до шест тони наркотици се шверцуваат од Турција кон Европа месечно. Осумдесет насто од хероинот што се троши во европските земји потекнува од Турција. Ова се наведува во извештајот од собирот во Солун на полициски претставници од Југоисточна Европа. Како што јавува атинската новинска агенција АНА, во извештајот се додава дека албанскиот канабис преку Македонија се шверцувал за Турција каде што се заменувал за хероин и оти најголеми криумчари на овој вид дрога биле албанската, југословенската и турската мафија.
XS
SM
MD
LG