Достапни линкови

Белград: Милутиновиќ ќе му се предаде на Трибуналот


Поранешниот српски претседател Милан Милутиновиќ денеска се очекува да му се предаде на Хашкиот трибунал. Според белградските медиуми, Милутиновиќ со авион на сојузната влада веќе се наоѓал на пат за Хаг. Тој е обвинет за помагање на планот за депортација и убивање етнички албанци од Косово. Милутиновиќ ги отфрли обвинувањата наведувајќи дека како претседател на Србија немал влијание врз однесувањето на армиските сили.
XS
SM
MD
LG