Достапни линкови

Осуди и обвинувања за чинот


Компанијата Клонејд која објави раѓање на две колирани бебиња сеуште нема понудено научни докази. Обајавувањето на информацијата за раѓањето на бебињата предизвика осуди и обвинувања за ваквиот чин.

Брижит Боислер од Клонејд одбива да го соопшти идентитетот на мајките. Таа само истакна дека првото бебе се вика Ева и оти е родено надвор од Соединетите држави, а второто бебе е на лезбејска двојка и е родено во Европа. Од Клонејд најавуваат дека тие планираат да дадат докази од независни експерти дека бебињата навистина се клонирани, но дека тестирањето на ДНК ќе мора да почека за да се заштити приватноста на родителите и бебињата.

„Ова е вистинито. Јас навистина имам тим од медицински експерти има и лабараторија, а бебињата се родени. Јас сум уверена во тоа бидејќи има договор со родителите ДНК тестовите кои докажуваат дека тие се вистински клонирани суштества да бидат објавени наскоро.“

Многумина на раѓањето на клонираните бебиња гледаат како на малку веројатна појава, а некои пак како неморална. Дин Кленси извршен директор на претседателскиот совет за биоетика во Соединетите држави е еден од оние кои ги критикуваат напорите на Клонејд

„Мислам дека повеќето луѓе мислат дека клонирањето на човечки суштества е погрешно од повеќе причини. Но јасно е дека фактот што постои клонирањето покажува дека некои мислат оти тоа не е погрешно и треба да се докаже дека е можно. Нашиот совет мислам едногласно ќе остане на ставот дека тоа не е етичко и не треба да се дозволи.“

Критичарите велат дека технологијата за клонирање е сеуште нова за да биде сигурна да се користи за човечки суштества. Додека техниката се применуваше на различни животни , како на пример позната овца Доли, тие се соочуваат дури и со смрт по неколку дена од раѓањето. Покрај проблемите со здравјето, Кленси наведува дека постојат и други проблеми

„Советот чувствува дека клонирањето на човечки суштества не е етичко, не само зошто е несигурно за детето и потенцијално за мајката. Тоа не е фер за детето бидејќи на овој начин се максимизира контролата на родителите.“

Религиозните групи исто така се противат на клонирањето што го спроведува Клонејд, односно го оценуваат како неприродно.
Од друга страна се приврзаниците на оваа појава. Но и научниците кои веруваат дека развојот на науката не може да се соочи со граници и дека клонирањето е ретка можност особено за оние кои не можат да имаат деца, сепак велат дека тоа што го прави Клонејд е наизглед неприфатливо. Рендолф Викер кој за себе вели дека го прифаќа клонирањето и презентира информации на специјализирана веб страна изјави

„Ние сметаме дека тоа е апсолутна измама“
XS
SM
MD
LG