Достапни линкови

logo-print

Агрон Буџаку кандидат за потпретседател на собранието


По неколку месечно натегање дали пратеникот на ДУИ Хисни Шаќири ќе биде или не потпретсдател на Собранието , коалиционите партнери СДСМ и ДУИ изгледа постигнаа компромисно решение. На синоќешниот состанок на претседателсвото на ДУИ според портпаролот Ермира Мехмети решно е

„Господинот Агрон Буџаку да биде предложен за потпретседател на собранието на Република Македонија. Додека господинот Хисни Шаќири за кого најмногу се шпекулираше во изминатиов период да го заземе местото координатор на пратеничката група, односно местото на Агрон Буџаку.“

Инаку, пред неполн месец потпретседателот на ДУИ и воедно пратеник во Собранеието Рафиз Халити изјави:

„Став на ДУИ е Агрон Буџаку да биде потпретседател на собранието на Република Македонија. Друга одлука нема,“

изјави неодамна Халити.

„Името на Хисни Шаќири се уотреби според некоја случајност или намерно, најмногу се употреби, дали беше целта да се создаде политичко прашање околу тоа не би можела да ви кажам.“

изјави Ермира Мехмети која вели дека на вчерашниот состанок на потесното раководство на партијата не стнало збор за употребата на албанскиот јазик при претседавање на Албанец со Парламентот или со некоја од собраниските комисии. Ставот на ДУИ е познат вели таа:

„Ние остануваме на нашиот став дека охридскиот договор, одребдите коишто произлегуваат од него, значи сите тие обврски што ги зедоа страните потписнички треба доследно да се почитуваат и договорот да се имплементира до крај.“
XS
SM
MD
LG