Достапни линкови

logo-print

Јоргос Пападикис, грчки новинар. Малцинствата во Грција не добиваат медиумски третман


Гледано со очите на еден новинар, каква е позицијата на малцинствата во Грција?

Тие не добиваат речиси никакво покривање на настаните од страна на грчките медиуми, без оглед дали тие се јавни или приватни. Освен припадниците на турското малцинство кои поседуваат неколку медиуми, како весници, магазини и радио станици, другите јазични малцинства немаат речиси ништо. Македонското малцинство има само месечен билтен и некаков вид на месечен магазин, и тоа е се. Всушност за нив најголем проблем се финансиите.

Што треба да се направи за работите, во поглед на признавањето и прифаќањето на етничките малцинства во Грција да се изменат, да тргнат на подобро?

Ова е тешко прашање на кое не може да се одговори накратко. Тој процес треба да започне во училиштата, бидејќи таму грчките грчките граѓани учат дека живеат во држава во која никој друг не живее, само Грци. Тоа е главниот проблем и тешко е да се смени тоа однесување како што минува времето. Многу е важно да се убедат помладите луѓе да не се плашат од лингвистички или етнички различности. Тоа е главното прашање. Ако успееме во тоа, патот е отворен, а ако не, ќе имаме одредени проблеми.

Кои се промените кои грчкото општество ќе ги претрпи со тоа? Што може да се очекува од таа страна?

Ако ја споредите ситуацијата сега, со онаа од пред десетина години ќе може да видите дека е направен голем напредок. Но тоа е многу бавна процедура и луѓето мора да бидат трпеливи, бидејќи таков начин на однесување не се менува во еден момент. Значи ќе бидат потребни десет, петнаесет или повеќе години за грчкото општество да ги прифати и да ги почитува правата на малцинствата. Но, јас сметам дека тоа неизбежно ќе се случи.
XS
SM
MD
LG