Достапни линкови

Се креира датабаза Еуродек


На секое лице кое ќе бара азил за во Европската унија ќе му бидат земени отпечатоци од прстите кои ќе бидат внесувани во базата на податоци наречена Еуродак. Претставници на Европската унија велат дека Еуродак ќе може да го ограничи процесуирањето на барањата за азил, а и да го спречи едно лице да поднесува барања во повеќе земји.

Отсекогаш било тешко да се води сметка за бројот на лицата кои бараат азил во Европската унија. Тоа се должи на недостаток на координација мегу земјите во врска со емигрицаионата политика и никој прецизно не знае колку луге влегле легално или нелегално во некоја земја. Во голем дел ова може да се измени со дигиталниот систем на Европската унија за земање отпечатоци од прсти на оние кои бараат азил, наречен Еуродак. Тоа значи дека на секој кој бара азил и има над 14 години ќе му бидат земени отпечатоци и резултатите ќе бидат чувани во централен комјутер во Брисел. Антонио Виторино комесар задолжен за имиграции во Европската унија го објаснува овој систем

„Еуродак е база на податоци смислена од Европската комисија. Тоа значи дека оваа база ќе ги содржи отпечатоците од сите оние кои бараат азил. Целта е да се модернизира системот за барање на азил низ Европа“

Системот на земање отпечатоци е веќе практика во Европската унија. Ново е воспоставувањето на заедничка база на податоци, која, пак како што соопштуваат во Европската комисија нема да се дели со Соединетите држави. Една од целите на овој систем е тоа што треба да ја спречи појавата истовремено да се поднесуваат барања на пример од бегалците во повеќе земји членки на Унијата. Сега претставници на Европската унија велат дека околу 20 проценти од сите барања се дуплираат.
Жак Моушет претставник на Вискиот комесаријат за бегалци изјави дека искоренувањето на ваквите злоуптреби ќе биде голем придонес од Еуродак

„Нема сомнение, постојат некои злоупотреби. Постојат нерегуларни движења на луге кои сакаат од една да одат во друга земја, а на кои не секогаш им треба заштита. Ова се повеќе комплексни миграциони движења. И се разбира системот Еуродак ќе ни даде повеќе корисни процедури и информации со кои ќе може да се справуваме брзо со проблемите“

Воспоставувањето на системот чини 6,5 милиони евра, а секоја проверка, односно земање на отпечаток ќе чини најмалку 3 евра. Претставниците на Европската комисија ги одбиваат критиките од активистите за човекови права кои предупредуваат дека базата на податоци може да биде користена против оние кои бараат азил или пак податоците би можеле да бидат доставувани во нивните земји од каде што потекнуваат. Властите велат дека употребата на системот ќе биде набљудувана од независни експерти. Овој систем не предвидува меморирање на имиња, туку апликантите ќе ги идентификува само со нивните отпечатоци.
XS
SM
MD
LG