Достапни линкови

Поцврста соработка во борба против организираниот криминал


По денешната средба во Белград, премиерите на Македонија и на Србија Бранко Црвенковски и Зоран Ѓинѓиќ најавија поцврста соработка во борбата против организираниот криминал. Еве ги нивните изјави:

Црвенковски: „Она што би сакал да го истакнам е дека заедно констатиравме дека односите меѓу двете држави се добри и на високо ниво, меѓутоа, исто така дека постои простор, а што е многу ва`но постои и добра политичка волја на двете влади тие релации да ги направиме уште подобри. Ние сме непосредни соседи, имаме многу работи на коишто можеме заеднички да работиме. Беше споменато, еден од високите приоритети е економската и трговската соработка. Србија и Црна Гора се едни од нашите најголеми трговски партнери, меѓутоа, сметаме дека во наредниот период тоа ниво на трговска размена можеме со дополнителни мерки да се зголеми на уште повисоко ниво“.

Ѓинѓиќ: „На планот на безбедноста имаме две теми. Едната тема е заедничкиот интерес за сузбивање на тероризмот. Ние сме изложени, и едната и другата држава, на дејствување на екстремни групи и во минатото. Можеби таа опасност се уште не е отстранета и имаме заеднички интерес да разменуваме информации за дејствувањето на вакви групи кои делумно се лоцирани на Косово и оттаму ги шират своите активности врз другите делови на нашата територија. Втората голема тема е организираниот криминал, шверцот и трговијата со дрога, луѓе и оружје што е карактеристика за нашиот регион. Во таа насока потпишуваме спогодба за соработка меѓу полициите на двете земји, која не е декларативна, туку е инструмент во оперативното сузбивање на организираниот криминал“
XS
SM
MD
LG