Достапни линкови

Повеќе од загриживачко количеството од олово во крвта на децата


Велешката топилница, од отворањето па до денес, штетно влијае врз здравјето на луѓето. Многубројни се испитувањата од лекарските експерти кои покажуваат зголемено присуство на олово во крвта, а трипати зголеменото количество на олово во платентата на велешките родилки беше податокот којшто ја вознемири целокупната македонска јавност. Но, дека Велес е место ризично за живеење и дека неговите жители секојдневно заболуваат од разни болести, покажуваат и докажуваат добиените резултати кои неодамна пристигнаа во Велес. По направеното испитување на крвта кај две малолетни деца кај кои е констатирана дијагноза церебрална парализа на нозете и забавен психотомен развој, чии родители самоиницијативно примероците ги испратиле во Центарот за биотичка медицина во Москва. Добиените резултати се шокантни и истите се доставени до Здржението на родители за грижа за здраво поколение, кое преку информативниот центар ги презентира во јавноста. Еве што вели Соња Гаврилова, претседател на Здружението, за добиените резултати:

„Ја укажуваат онаа стравична состојба во којашто, за жал, се наоѓаат многу граѓани во нашиот град. ИМено, во анализата на коските е пронајдено седум пати поголемо присуство на олово кај едното, а четири пати поголемо присуство на олово кај другото детенце, што доведува до сите здравствени проблеми што ги имаат“

Велешани веќе коментираат: ништо ново, и што понатаму? Здружението на родители за грижа за здраво поколение, бара средба со министерот за екологија Љубомир Јанев, од кого ќе побараат финансиска помош за извршување на анализа во Москва на 50 деца кои имаат здравствени проблеми, како и дислокација на погоните кои топат олово и цинк, затоа што доколку тие не се дислоцираат, апсурдно ќе биде лекувањето и детоксинацијата на децата.
XS
SM
MD
LG