Достапни линкови

Добиена согласност од македонскиот државен врв


Не се точни информациите за спротивсставеноста на Вашингтон и НАТО за македонско деби на евросилите за брза реакција, демантрираше во Скопје Хавиер Солана задоволен што по разговорите со македонскиот државен и политички врв ја добил политичката согласност Европската Унија да ја преземе воената мисија во земјава. Сепак пораката на Вашингтон за потребата од средување на техничките детали меѓу унијата и НАТО за да воопшто почне да се разговара околу доаѓањето на европските сили на Солана му е предочена и од страна на македонските лидери. Согласноста на Македонија за европските сили е базирана врз постигнатиот договор Берлин плус меѓу НАТО и Европската Унија, но под услов да се разјаснат деталите, но и да се усогласат сеуште неусогласените делови од договорот. Дури тогаш е можно воопшто да почнат разговорите со Македонија околу европската мисија, нејзиниот мандат и времетраењето е ставот на македонскиот државен врв. Затоа најавите за можното преземање на командата на мисијата „Сојузничка хармонија“ од НАТО од март се поместени за лето, односно за крајот на сегашната мисија, што завршува во јуни.

„Тоа е една од работите за која ќе разговараме овие недели со лидерите на земјата како тоа ќе се справиме и како ќе го направиме. Размислуваме околу летото, пролетта, но не востатновиме специфичен датум. На крајот кога ќе биде направено, а јас се надевам дека ќе биде бидејќи и лидерите на земјата и Европската Унија се подготвени да го сторат тоа, до летото,“

рече Солана задоволен од одговорот што го добил во Скопје.

„Добив многу позитивен став од претседателот и премиерот така Што во наредниве денови ќе одржуваме повеќе технички контакти.“

Европските сили за брза интервенција што како идеја се стари веќе неколку години не се експеримент збор што често се употребува во изразувањето резерви на амбициите токму на Солана Македонија да биде првата земја каде тие ќе бидат испратени:

„Тоа нема да биде експертимент, тој збор заборавете го. Донесовме решение. 99 -тата година да бидеме подготвени и ако ме прашувате дали сем подготвени одговорот е да, подготвени сме да ја преземеме мисијата,“

изјави Солана кој сепак ретерираше во барањето за доаѓањето на европските сили во Македонија веќе во март.
XS
SM
MD
LG