Достапни линкови

Помалку од очекувањето


Пактот за стабилност на Југоисточна Европа постои скоро четири години. Претставници на земјите од Југоисточна Европа оценуваат дека тој не стори многу за земјите од овој регион. Токму поради тоа се поставува прашањето што постигна Пактот?

Пактот за стабилност беше формиран со цел да овозможи експертска и парична помош за земјите во Југоисточна Европа, но и низ економски и социјален развој да го намали ризикот од понатамошни етнички конфликти. Но, за скоро четиригодишното егзистирање на Пактот постои мислење дека тој не го исполнува планираното. Марк Вилер директор на босанскиот проект на Мегународната кризна група вели:

„Јас едноставно не знам. Свесен сум за фактот дека постои контраверза по прашањето дали Пактот за стабилност е крајно корисен или потполно некорисен.“

Герг Буџаку директор на Инстутот за ефективно одлучување во политиката во Тирана вели

„Не знам, но мислам дека досега во Албанија пактот за стабилност не успеа“

Тој оценува дека организацијата функционира премногу бавно и оти поради тоа не успаева да започне повеќе проекти.
Гургана Нојчева од Центарот за европски политички студии од Брисел посочува дека големите очекувања при основање на Пактот за стабилност биле нереални. Според неа Пактот се наоѓа во сенка на Европската унија

„На сите нив – балканските држави- желба им е да влезат во Европската унија, а таа пак е силен актер во регионот. Пактот претставува само некаква помош. И знаете многу луѓе веруваат дека нема потреба да постои пактот за стабилност.“

Таа забележува дека проблем е тоа што Пактот нема реален буџет, туку се што може да направи е да организира донаторска конференција и да биде рамка за дијалог.
Координаторот на Пактот за стабилност Ерхард Бусек на обвинувањата дека работата на организацијата е скоро невидлива одговара

„Видливоста не е главна работа, стабилноста е. Тоа не е видлив пакт, тулу е пакт за стабилност и ако ја погледенете ситуацијата во Југоисточна Европа мислам дека е многу постабилна за разлика од пред две три години“

Бусек изјави дека благодарение на Пактот се спроведуваат 46 проекти, од кои поголем дел се од инфраструктурната област, а останатите се за развој на демократијата, од областа на човековите права и други. Тој вели дека е лесно да се критикува, но дека треба време за да се започне со реализација на големи проекти. Пактот за стабилност, посочува Бусек, се гледа себе си како организација која ги подготвува земјите од Југоисточна Европа за евентуално членство во Европската унија, а ќе ја зајакнува и регионалната соработка.
XS
SM
MD
LG