Достапни линкови

Создавање услови корупцијата да стане неисплатлива


Организираниот криминал и корупцијата станаа заштитен знак според кој Македонија ја препознаваат во меѓународната заедница, но заложба на оваа влада:

„е создавање на услови во кои корупцијата ќе стане неисплатлива работа. Треба да се провери целокупната нормативна рамка, буквално сите закони и да се укинат сите законски решенија кои на еден или друг начин овозможуваат нетранспарентност или овозможуваат дискрециони права, арбитражи од страна на државната администрација. Треба да се оспособат полицијата, обвинителството, судството и сите други институции за поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата,“

рече премиерот Бранко Црвенковски на промовирањето на студијата за состојбите со корупцијата во Македонија што ја изработи меѓународната организација специјализирана за борба против корупцијата на Транспаернси интернешнл во соработка со домашните експерти и британската амбасада во Скопје.

Речиси не постои институција во која нема корумпираност, рече извршниот директор на Транспарентност Македонија Слаѓана Тасева, цитирајќи ги состојбите од анализата на 11-те анти корупциски столбови кои претставуваат носители на борбата против корупцијата меѓу кои се извршната и законодавната власт, судството, обвинителството, полицијата, јавните служби и јавниот ревизор.

„Неопходно е во воведувањето на антикорупциските мерки да се склучат меѓу владата и меѓународната заедница, да се реши проблемот на конфликт на интереси, да се воспостави контрола на финансирањето на политичките партии, конзистентниот правен систем да претставува императив за независното судство,“

рече Тасева.

Единствен исклучок кај делот на корумпираноста на професијата е забележана кај народниот правобранител кој на таа функција е независно именуван, а неговите извештаи се јавни и транспарентни. Оваа анализа за работата на институциите во Македонија која го опфаќа периодот во изминатите десет години до септември 2002 треба да претставува основа за изработка на национална стратегија за борба против корупцијата, на која како што рече премиерот Црвенковски владата интензивно работи.
ж
XS
SM
MD
LG