Достапни линкови

САД се противат ЕУ да ја преземе мисијата на НАТО во Македонија


Европската Унија во договор со НАТО постепено ќе ги презема полициските и воени меѓународни мисии на Балканот. Тоа според агенциите ке придонесе за клучната улога на Унијата на Балканот, и е дел од мисијата на Евро – комесарот Хавиер Солана кој денеска ке допатува во Скопје. Според германскиот весник Зидојче Цајтунг, сепак, Вашингтон имал извесни забелешки на планот ЕУ да ја презеде мисијата од НАТО во март.

Лидерите на Европската Унија пред еден месец на самитот во Копенхаген ја истакнаа својата решеност во консулатација со НАТО што побргу ја преземат воената мисија во Македонија. Евро – комесарот Хавиер Солана, како што јавија агенциите, е задолжен на оваа тема да размени мислења со властите во Скопје и меѓународните фактори. Како што е познато, преиспитувањето на НАТО мисијата „Сојузничка Хармонија“ во Македонија, таканареченото ревју, е предвидено за половината на февруари. В четврток во Атина, според извори на Унијата, ќе се состанат Евро – комесарот Хавиер Солана, генералниот секратар на алијансата Џорџ Робертсон и грчкиот премиер Костас Симистис чија земја е преседавач на Унијата. На оваа средба би требало да биде разгледана опцијата во текот на март европските сили за брза реакција да ја преземат воената мисија во Македонија. Според германскиот весник Зидојче Цајтунг, Вашингтон имал забелешки на европскиот план за преземање на мисијата во март. Белата куќа за ова им пишала на неколку европски влади како и на комесарот Солана. Во Зи дојче Цајтунг пишува дека Вашингтон не сака мисијата да биде преземна пред јуни и бара ЕУ и НАТО најпрвин да постигнат формален безбедносен договор, како и македонската влада да испрати формално барање до Унијата. Според Ројтерс, евро – дипломатите во Брисел се сомневале дека овој став на Вашингтон всушност ја одразува желбата на Соединетите држави да немаат натамошни обврски во врска со воената мисија во Македонија. Според Ројтерс Нато во Брисел засега нема коментар за текстот на Зидојче Цајтунг.
XS
SM
MD
LG