Достапни линкови

Либерализација и преструктуирање


Интересот за влез на странските инвеститори во македонските компании, барем до сега беше исклучително низок. Споредбено со државите во транзиција Македонија се наоѓа во долниот дел од табелата која ја прикажува атрактивноста на земјата за влез на странските инвестиции.

„Претпријатијата кои трбало да се продадат во изминатите четири години, за жал останаа сега да ги продаваме,“

констатира министерот за економија Илија Филиповски.

Местењето на тендерите, прикажувањето на лажни податоци за одредени компании и фризирањето на годишните резултати создадоа недоверба кај странските инвеститори.

„Четити пати се распишуваат тендери за рудниците, меѓутоа ако вие покажете дека рудното богатство е за пет години, нема инвеститор да дојде да вложи пари.“

Доколку се отстранат главните причини кои го попречуваат влезот на странските инвестиции, инвеститорите самите ќе дојдат. Бидејќи, инвеститорите по природата на капиталот бара плодна почва за свое оплодување.

„Во Македонија ќе се створат услови. Прво, да нема корупција, значи се ќе оди на јавен тендер. И второ, да нема поткупливост на луѓето кои работат во тој правец. Ние го направивме тоа што во прв момент можевме да го направиме, сите привилегии на министерот да потпишува решенија за давање на контингенти и слично ги укинав.“

И покрај интерресот на странските партнери за ЕСМ како најголемо финансиско парче што оваа влада ќе треба да го приватизира, Филиповски најавува подолг процес на приватизација, во кој нема да се брза само затоа што компанијата треба да се продаде.

„Прво мислиме дека е потребно ЕСМ да се преструктуира. Второ е да се изврши либерализација на пазарот и трето врз основа на преструктуирањето и либерализација да додејеме до сознание што е тоа што навистина делови од ЕСМ можат да се понудат за да може системот да биде поефикасен. Процесот ќе биде прилично долг, немаме намера како минатата влада за шест месеци да го продаваме ЕСМ. Тоа не е видено никаде во светот.“

Во контекст на создавањето амбиент за влез на странските инвестиции е и изработката и усвојувањето на програмата од страна на владата за развој на претприемаштвото и малите и средни бизниси.
XS
SM
MD
LG