Достапни линкови

Поплавите и сообраќајот под контрола


Невремето проследено со обилни врнежи од снег што по западна Европа ги зафати и балканските земји во Македонија нема да биде со голем интензитет. Врнежите ќе се намалат, вели Душанка Танушевска дежурен синоптичар во Управата за хидрометереолошки работи.

„Ќе се намалат врнежите. Утре не би требало да има. Има едно циклонче што сеуште кружи над нас и сега југот е зафатен и централниот дел, кружи може ноќта пак да фати меѓутоа малку. Веќе ослабнува и се движи кон исток, што значи треба да не напушта. Кај нас ќе преовладува висок воздушен притисок, можно е и сонце да се појави, но сеуште ќе биде студено.“

Освен забраната за тешки товарни возила на Плетвар, Стража и Маврово во земјава сообраќајот се одвива во зимски услови, но тековно:

„Патиштата се проодни. На некои патни правци по расчистувањето има останато сантиметар до два снег на коловозот. Дежурните екипи на Македонија Пат интервенираат со песок и сол на патиштата,“

изјави дежурниот диспечер на Македонија Пат Раде Милковски.

Истовремено експерите упатуваат и дека нема причини за страв од натамошни поплави. На населението во местата кои се веќе поплавени или се во критичен регион им помага и армијата.

„По согледувањето на состојбата во атарот на село Огњанци во соработка со претставнциите на меѓународната заедница и месното население АРМ од составот на инженериските единици, ангажира одреден број војниици и инженериски машини за поправка на дел од насипот од левата страна на реката Вардар. Исто така, генералштабот на армијата стави во готовност и дел од единиците кои лоцираат во гарнизоните во Скопје, Куманово, Штип, Струмица, Велес, Тетово, Кичево, Охрид, Прилеп и Битола кои би можеле да бидат вклучени во активностите на спасување на населението и отстранување на последиците од евентуалните поплави.“

изјави портпаролот Зоран Секуловски.
XS
SM
MD
LG