Достапни линкови

Социјалците укажуваат на тешките услови во државата


49 илјади поранешни работници во држваните компании денес како последица на структурните реформи во системот се без работа и се на товар на центрите за социјална работа. Еден корисник на таква помош по најавата на министерството за труд и социјална политика дека во перспектива ќе бидат заострени критериумите во доделувањето на паричната помош со цел дел од парите за сиромашните да бидат пренаменети за отворање на нови работни места раегира

„Не верувам, многу е тешка ситуацијата во државата.“

Душко кој е корисник на социјална помош во измнатите неколкугодини откако државната компнија во која работел 24 години почнала да работи со загуби и потоа отишла под стечај знае оти тој е само еден од многуте неуспешни примери на системот на транзицијата.

Денес покарај социјалната помош од 3,000 денари тој неговото тричлено семејство се обидува да го издражува преку продавања на технички производи кои му биле доделени како надомест од компанијата која пропаднала.

„Сега таа стока никој не ја купува. Апарати за заварување нас ни даваа и веројатно им се скапи на луѓето.“

Од овие причини центрите за социјална помош претсвува единствениот егзистенцилален излез за многу работоспособни луѓе во држвата.

„Јас сум телесен инвалид. Работа нема за здравите лица, а за телесните инвалиди воопшто,“

вели во иронија еден друг корисник на парична помош.

Според податоците на Министерството за труд и социјална политика 23 насто од населението во државата е под линијата на сиромаштијата. Звучи поразувачки тоа што 22.5 насто од парите во државниот буџет се трошат за исплата на социјална помош.

„Огромен дел од популацијата е, така да кажам, пациент на ова министерство. Звучи нехумано, меѓутоа ние се наоѓаме на една пресвртна точка кога или луѓето ќе ги навикнеме да седат дома и да не се надеваат на ништо. Да живеат со таа мизерна социјална помош и воопшто да изгубат секаква надеж дека може да најдат работа и подобро утре. Или малку да создадеме тензија во системот и преку создавање на активни, креативни програми еден сериозен дел на тие луѓе што се на социјална помош им најдеме соодветно работно место,“

најави неодамна министерот за труд и социјала Јован Манасиевски, во функција на мерките што ќе бидат преземени за подобрување на социјалната слика во државата.

Се очекува владата во наредниот период да ги усвои програмските решенија кои предвидуваат дел од парите што се користат за исплаќање на социјална помош да бидат пренаменети во отворање на нови работни места.
XS
SM
MD
LG