Достапни линкови

Опозицијата се враќа во парламентот


Пратениците на опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и ЛП се враќаат во собранието. По двомесечен бојкот, поради влегувањето на поранешните припадници на ОНА во собранието и дел од нејзиното раководство во извршната власт, ВМРО-ДПМНЕ и ЛП го замрзнаа учеството на собраниските седници.

„Како што рековме пред два-три месеци, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по новогодишните празници ќе се вратат во Собранието. Ние тогаш рековме дека ВМРО-ДПМНЕ поради влегувањето на терористите директно во изврѓната власт – работа што се нема случено никаде во светот – ќе ја бојкотира работата на македонското собрание во текот на два до три месеца,“

вели Влатко Ѓорчев, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Ќе ги искористиме сите демократски средства и механизми коишто ни стојат на располагање, а помеѓу другото и парламентарните механизми – да иницираме дискусии, да предлагаме работи, да укажуваме на сето она за што сметаме дека не е в ред.“

ЛП на Стојан Андов веќе реши, нејзините пратеници се враќаат во собраниските клупи:

„Како што знаете, помина рокот што пареничката група на Либералната партија го постави за бојкотирање на Собранието на Македонија, така што се оди кон тоа пратеничката група да учествува на пленарните седници на Собранието на Република Македонија,“

изјави портпаролот на оваа партија Ивон Величковски.
XS
SM
MD
LG