Достапни линкови

Што по војната?


И покрај тоа што американскиот претседател Џорџ Буш се уште нема донесено одлука дали да оди во војна против Ирак, неговата администрација работи на планот за поствоениот период во таа земја. Аналитичарите сметаат дека ваквиот план би можело да предизвика проблеми за Вашингтон.

Планот на администрацијата на претседателот Џорџ Буш, според извештаите, вклучува присуство на западни воени сили најмалку 18 месеци и употреба на средствата добиени од продажбата на ирачката нафта за обнова на земјата. Аналитичарите велат дека Буш треба да биде внимателен во врска со поствоениот Ирак исто како што тоа го прави сега. Најтешка задача по војната, како што пишува Њујорк Тајмс, ќе биде како да се обнови редот меѓу ирачаните откако Садам Хусеин биде симнат од власт. Но, аналитичарот Тед Карпентер за Радио Слободна Евпопа вели дека Соединетите Држави не би требало да се обидуваат околу тоа. Според него, Буш можеби е залулкан во уверувањето дека западните окупациони сили ќе можат да работат во Ирак како што го прават тоа сега во Авганистан. Карпентер додава дека две различни малцински групи во Ирак – курдите на север и шиитските муслимани на југоисток - веднаш по соборувањето на Хусеин ќе се борат да добијат автономија, ако не и независност.

„Мислам дека тешко ќе ја привлечеме опозицијата во Ирак како што тоа го сторивме во Авганистан каде што имавме регионална структура на воени лидери.“

Според Карпентер, не сите независни команданти во Авганистан се пријателски настроени спрема Соединетите Држави, но водени од желбата да го зачуваат своето водство, сепак придонесуваат за мирот во земјата. Тој додава дека меѓународната воена инвазија врз Ирак треба да доведе до брзо соборување на Хусеин по што би следело и брзо повлекување на странските сили:

„Американската цел треба да биде режим без Садам Хусеин, а не претворање на Ирак според сликата на демократскиот Запад.“

Експертот за надворешна политика Џејмс Линдзеј не се согласува со ваквото мислење. Според него, Соединетите Држави имаат морална одговорност да направат нешто повеќе од едноставното садамово неутрализирање.

„Реалноста е дека не можеме да влеземе, да го собориме режимот и потоа да излеземе. Мислам деке немаме друг избор освен да се ангажираме во националната изградба.“

Национална изградба е термин што значи формирање демократски институции во изнемоштените држави. Оваа идеја беше отфрлена од претседателот Џорџ Буш за време на неговата трка за Белата Куќа во две илјадитата година. Попрецизно, Буш беше за повлекување на американските сили од Косово со уверување дека тие не би требало да бидат стационирани во странство со цел-национална изградба. Но, по доаѓањето на власт Буш го смени мислењето и ги остави американските сили на Косово. Карпентер смета дека би било голема грешка за Буш ако се обиде да формира поствоена демократска влада во Ирак. Тој додава дека американските искуства покажуваат оти ваквите обиди не успеваат.

„Нашата евиденција за национална изградба е апсолутно жална. Дали тоа е Либан, Сомалија, Босна, Косово, Хаити. Немам идеја зошто оваа администрација сега е заинтересирана за ваквиот концепт кој го осудуваше за претседателските избори.“

вели Карпентер. Со ова повторно не се согласува Линдзеј:

„Мислам дека претседателот Буш го откри она што го открија и неговите претходници – тоа што е лесно да се каже за кампањата најчесто е многу тешко кога си во Белата Куќа.“

Линдзеј смета дека Амрика по евентуаланата војна во Ирак треба дејствува као лекар со пациентот по извршената операција.
XS
SM
MD
LG