Достапни линкови

Обединување на политичките идеи за евроатлатски интеграции


Нова лидерска средба ќе биде одржана во текот на месецов, информира денеска портпаролот на претседателот Трајковски Борјан Јовановски.

„На неа треба да биде разгледан списокот и временските рокови за усвојување на законите кои не се поврзани со децентрализацијата, а тие закони треба да бидат донесени до крајот на јуни 2003-та година“.

Јовановски истовремено најави и прво заседание на советот за национална безбедност во нов состав, како и иницијатива на претседателот за општа расправа посветена на евро атлантските интеграции.

„Претседателот смета дека оваа јавна расправа може да биде извонредна можност позицијата, опозицијата и целата политичка јавност да се обединат околу една заедничка стратешка цел какво што е нашето интегрирање во Европската Унија,“

рече Јовановски.

Тој денеска ја пренесе и реакцијата на претседателот на идеите на шефот на грчката дипломатија Јоргос Папандреу за создавање балканска федерација.

„Тоа е неприфатлива и штетна идеја за националните интереси. Претседателот поддржува регионална соработка, но не регионална соработка која имплицира создавање на било какви супрарегионални институции.“
XS
SM
MD
LG