Достапни линкови

logo-print

Место за концесии за Албанците во Македонија веќе нема


Место за нови концесии за Албанците во Македонија веќе нема имајќи го во предвид Рамковниот Договор зад кој застанаа сите релевантни албански политички партии во Македонија, меѓу кои е и ДУИ на Али Ахмети, вели Ѓунер Исмаил главен и одговорен уредник на неделникот ФОРУМ коментирајќи ги информациите дека албанските политички партии преку можни преговори со преставници на т.н.АНА ќе се обиде да издејствува поголеми права .

„ Постојат гаранти на тој договор и тие тогаш беа претставени преку амбасадорите Пердју и Леотар. И тие ќе си повелат, бидејќи се присутни во регионот – и воено, и политички и секако – да поведат сметка за тоа која е АНА и што сака АНА. На крајот на краиштата, овие народи тука ќе преживеат се и сешто. Јас мислам дека позицијата на ДУИ дека ако постои некој нека повели нека излезе на јаве да го видиме кој е, е сосема разумна позиција. Немојте вака да не малтретирате преку интернети или преку факс или преку не знам какви други соопштенија“.

Што се однесува до ДПА која се повеќе се посочува како можен политички поковител на паравоената АНА Ѓунер Исмаил со став, проблемот со ДПА е поширок отколку само враќење во игра

„ Таа ќе мора прво воспоставената инфраструктура во изминативе четири години, додека беше власт во оваа земја, да си ја провери уште еднаш и да види кој и што од таа инфраструктура правел во изминатите четири години. Не е вистина дека некои од тие луѓе се занимавале со крадење државни пари од буџетот. Тоа е дел од вистината. Другиот дел од вистината говори дека некои луѓе од таа инфраструктура се занимавале со еклатантен криминал, дел од тие луѓе очигледно учествувале во крајно опскурни операции во тнр. воена криза. Не е сигурно дека учестувале само на албанската страна или на некаква крајно неидентификувана страна. Не може да се прогласи за неодговорен за се она што се случувало во оваа земја, а бил власт, владеел во оваа земја“.

изјави Ѓунер Исмаил.
XS
SM
MD
LG