Достапни линкови

Намерата на владата звучи охрабрувачки


Звучи охрабрувачки намерата на владата оти во наредниот период ќе создава услови за развој на малите и средните претпријатија преку новата програма на минситерството за економија за поддршка на претприемаштвото се согласуваат претпримачите во држвава. Сомневањето дека таа може да се преточи во пракса барем засега се минимални.

„ Прв проблем е нелојалната конкуренција: некои фирми не знаат што да прават со толку контингенти, а други не добиваат воопшто. Потоа, неликвидноста на фирмите. Порано постоеше акцептен налог кој донекаде даваше некаква гаранција за плаќање, а денес веќе нема ништо. Има закон според кој за 180 дена треба да се платат девизните фактури спрема странство, а за внатре не плаќаат по две, три и пет години и никому ништо. Во судот се чека на такви тужби со години и ништо од тоа“

Роберт подолго време се занимава со преработка и трговија на сувомеснати производи и вели дека незнае од каде да почне да зборува кога станува збор за контрадикторностите и нерегуларностите кои доминираат во сферата на развојот на малите и средните претпријатија во држвата. Претходниот пример е само еден од многуте проглеми со кој се соочуваат претприемачите во заемјава.

„На Запад времето е пари, а кај нас еден камион се утоварува, доаѓа на царина и седи по два –три, па и пет дена и треба со врски и со пријатели да се завршуваат некои обични работи што треба инаку да се завршат за два часа“

Според министерот за економија Илија Филиповски простор за оптимизам има. Тој објаснува дека оваа програма сама по себе претставува еден начелен документ кој дава можност за негово нљдополнување преку зедничка соработка и координираност на сите инволвирани страни меѓу кои и на банките и судовите кои треба да ја гарантираат законитоста во работењето. Најбитно е според министерот за економија Филиповски за да се заживее оваа програма да бидат создадени непоходните предуслови за тоа како што е функционирање на судовите и елиминирање на сивата економија.
XS
SM
MD
LG