Достапни линкови

Њујорк: Денеска експертски извештај за декларацијата на Ирак


Експертите за оружје при Обединетите нации денеска пред Советот за безбедност по втор пат треба да поднесат извештај за ирачката декларација за нуклеарно, хемиско и биолошко оружје. Шефот на инспекторите Ханс Бликс и директорот на Мегународната агенција за атомска енергија Ел Барадеј пред три недели изјавија дека очекуваат повеќе информации од Ирак за да докаже дека не поседува оружје за масовно уништување.
XS
SM
MD
LG