Достапни линкови

Нов систем за распределба на царинските квоти


Распределбата на царинските квоти по новиот систем прв дојден прв услужен ќе започне да се применува од 8 јануари 2003 година. Се работи за транспарентен увоз, со што се елиминира субјективноста на лицата кои ги делат дозволите за увоз. Ова решение се носи како одговор на досегашниот увоз по системот на контингненти каде потписниците на дозволите имаа голема маневарски простор за правање на малверзации. Пред стартот од функционирањето на новото законско решение шпедитерите и увозниците оптимисти дека нема ништо да биде како порано.

„Не би требало сега да има место за манипулации“

„Мислам дека ќе функционира како што треба“

„Би требало да биде подобро отколку досега“


Случајно губење на декларациите не е возможно вели Златко Ветеровски од царнската управа.

„Бидејќи има четири линии, тие се свесни дека тоа им е работа – да бидат сервиса на граѓаните и да ги достават нивните барања. Барањата не можат да паднат во бунар и ако ги снема во бирото, тој ден ќе се најдат.“

Аргументот дека факсот не работи и поради тоа декларацијата не е испратена до 17 часот во царинската управа ќе се смета како намерна грешка на даринскиот работник за што истиот ќе биде санкциониран објаснува Горан Андрееев од цариснката управа.

„Факсот можеби може да се расипе, меѓутоа, не се работи за секунди, ниту за минути, ниту за часови. До 17 часот мора да најдат исправен факс“.

Барањата за добивање на квотит за увоз може да се испраќаат до терминалите во Скопје, Трубарево, Куманово, Гевгелија, Струмица, Штип, Битола и тоа најдоцна до 17 часот, а распределбата ќе се врши од 17 до 19 часот. Доколку за увоз на една стока се јават повеќе заинтересирани во тој случај ќе се применува принципот на пропорционалност.

„Ако има квота од 1.000 тони, а има барање од 1.200 тони и има само еден подносител на барање, ќе добие дозвола за 1.000 тона, а за 200-те тона ќе плати царина во целосен износ. Ако има повеќе подносители на барања, распределбата ќе се врши пропорционално, според тоа кој колку учествува“.

Квотите ќе се распределуваат и во саботите. колку од нив ќе бидат поднесени а колку ќе останат нераспределени увозниците ќе можат да се информираат преку веп страната на зариснката управа И огласните табливо царинарниците. Системот на квоти нема да важи за увозот на млеко од Словенија и пченица од Хрватска, туку набавката на овие производи ќе се врши по пат на аукција што ќе се одржува во министерството за економија , каде тој што најмногу ќе понуди ќе може да го реализира бесцаринскиот увоз на овие стоки.
XS
SM
MD
LG